Улични тепачки во Русија, без заштитна опрема: Се отпукаа од ќотек

Youtube каналот СТРЕЛКА, сè повеќе се следи, бидејќи редовно објавува брутални улични борби ...

За Русите обично се вели дека се силни, бестрашни и позитивно луди, а кога ќе го видите овој клип, дефинитивно ќе сфатите дека тие се храбри и имаат срце. Овие борби собираат непрофесионални борци кои сакаат да се покажат во вистински борби, без употреба на ракавици и заштитна опрема. Ова е дефинитивно најопасниот вид на борба и разни повреди се скоро загарантирани, но тоа не ги спречува овие момци да влезат во импровизираните рингови и да видат кој е посилен.

Иако станува збор за крвава борба, сите борци имаат почит кон своите противници и по победа или пораз со насмевка ги поздравуваат своите борбени партнери, по што ги санираат повредите и се подготвуваат за други борби.

Погледнете како изгледа една од овие морничави, но и возбудливи улични тепачки.