УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади
Во рамки на октомври - месецот на штедење, УНИБанка организираше серија интерактивни активности под мотото “УНИФин Aвантури”, насочени кон финансиска едукација на најмалите.
Кампањата вклучи различни категории на образовни институции и тоа градинки, основни и средни училишта низ целата држава.
Овие активности имаа за цел да ги едуцираат младите за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, да се запознаат децата со концептите на штедење, финансиската одговорност и општествено одговорната свест. Со помош на практични примери, учениците активно учествуваа, поставуваа прашања, но и учеа за планирање на нивните тековни трошоци како и штедење за идни цели.
Како дел од нашата иницијатива, децата добија и тематски подароци, работни тетратки, боенки, училишен прибор и едукативни игри изработени од одржливи материјали како дел од нашата ESG стратегија. Матријалите не само што служат за учење туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина, нагласувајќи ја важноста на еколошката свест, општествената одговорност и доброто финансиско управување. УНИБанка верува дека овие вредности треба да се вградуваат уште во најмлада возраст и да се охрабруваат децата да размислуваат за својата улога во создавањето одржливо општество.
Со овие активности, УНИБанка не само што придонесува за подигнување на свеста за штедењето, туку и активно инвестира во развојот на идната генерација, поттикнувајќи ги на сознанија и вештини кои ќе им користат во секојдневниот живот.
УНИБанка останува посветена на својата мисија да создава финансиски свесно општество, во кое секоја генерација ќе знае како да управува со своите финансии. Заедно, создаваме основа за подобра финансиска иднина!
ПР објава