УНИБанка отвори нова модерна експозитура во Ѓорче Петров
УНИБанка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 03.07.2023 г. експозитурата во населбата Ѓорче Петров е достапна на нова локација.
Експозитурата веќе се наоѓа на адреса Бул. Партизански одреди бр.165., и е отворена за работа со клиенти секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.
УНИБанка продолжува да го опслужува сегментот население и правни лица, со модернизација на своите експозитури и тоа ја потврдува својата посветеност кон отворената комуникација и зголемената ефикасност во опслужување на клиентите, поголем број директни контакти и зголемена можност за користење повеќе атрактивни банкарски производи и услуги.
Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна CASH IN - АТМ каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, депонирање дневен пазар на платежна сметка со бизнис дебитната картичка и депонирање готовина на платежна сметка со Visa или Mastercard дебитна картичка.
ПР објава