Урнебесна вежба на актерот Мима Караџиќ на пилатес топка (ВИДЕО)

Актерот Мима Караџиќ е многу активен на социјалните мрежи, а во последно време сериозно започна да оди на тренинзи. Но, она што е можеби уште поинтересно, барем за корисниците на Инстаграм, е тоа што Мима е снимен додека ги прави своите вежби, а потоа ги закачува истите снимки на неговиот профил, што најмногу ги насмејува неговите следбеници.

Имено, Караџиќ на својот профил објави видео во кое може да се чуе како рецитира додека прави вежби на пилатес топка, а исто така им ги препорача на своите следбеници, особено на луѓето кои имаат намера да се запишат на глума.

View this post on Instagram

A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima)


„Во деновите на корона, во деновите на досада, една вежба за студенти по глума, а можеби и за други“, го најави својот настап на пилатес топката.

Под неговото видео, следеа смешни коментари од корисниците на социјалните мрежи.

„Рамбо Амадеус на камери“, „Држи се, легендо, не се откажувај“, „Дај ги стиховите“, коментираат тие.


Фото и Видео: Инстаграм