Урнебесно: Андрија Милошевиќ како старлета - Ја ставив главата во кошница со пчели (ФОТО)

Фото насловна: andrijamilosevic_official

Актерот Андрија Милошевиќ не му одолеа на трендот на Инстаграм, и да не го „испроба“ филтерот кој во моментов е најпопуларен на споменатата мрежа, а кој на лицето му дава комплетно пластичен израз со целосно нагласена уста и образи.

На актерот го сними неговата девојка, актерката Александра Томиќ-Чеша, која на социјалните мрежи користеше еден од најпопуларните филтри, со кој целосно го смени обликот на лицето на актерот, му ги зголеми усните и јаготките.

„Не знам, отидов да ги видам кошниците, бидејќи одгледувам пчели. Ја ставив главата во кошницата, не ставив мрежа и еве“, рече Андрија. 

Како и секогаш, овој пат тој успеа да ги насмее своите придружници, кои му рекоа дека „нема конкуренција“.


Фото: Инстаграм/screenshoot