Урнебесно видео: „Доналд Трамп“ се тркала на подот како дете, плаче и вели: Нема да си одам

Прилично реално

Кога американските медиуми го објавија Џо Бајден за нов претседател на САД, штабот на Трамп објави дека изборите сè уште не се завршени.

Ваквата реакција е малку изненадувачка, имајќи ја предвид целата врева на Доналд Трамп за „неправилностите“ во последните денови. Секако, ова не помина без реакции на социјалните мрежи.


На Интернет повторно кружи клип на „Комедија Централ“, во кој Трамп, односно актерот што го имитира, е бесен како разгалено дете, затоа што не сака да ја напушти градинката, односно Белата куќа, а многумина заклучија дека снимката е поактуелна од 2017 година, кога е создадено видеото.


Видео: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

По победата на Бајден: Што му направија на Трамп во Музејот на восочни фигури