Уште едно чудо на коронавирусот
Квалитетот на воздухот драматично се подобри во последните две недели откако индиската популација е ставена во карантин, намален е индустриското производство како и количината на возила на патиштата ...
Во северната индиска држава Пенџаб, луѓето ги гледаат Хималаите за прв пат по скоро 30 години. Поради загадувањето на воздухот, овој планински венец, оддалечен 160 километри од Јаландхар, конечно стана видлив, за што луѓето ентузијастички пишуваат на Твитер.
#Jalandhar residents have a view of snow-capped mountains | Video by Sarabjit Singh
— The Tribune (@thetribunechd) April 3, 2020
Read story here: https://t.co/hJEktbHWqI #Punjab #AirPollution pic.twitter.com/fVYTNJ74j8
"За прв пат во скоро 30 години, јас јасно можам да ги видам Хималаите како резултат на намаленото загадување на воздухот и како резултат на карантин поради коронавирусот. Тоа е едноставно зачудувачко", напиша Манџит Канг од Јаландхар на оваа социјална мрежа, заедно со фотографиите кои го поддржуваат ова тврдење.
Квалитетот на воздухот драматично се подобри во последните две недели откако индиската популација е ставена во карантин, се намали индустриското производство, како и количината на возила на патиштата. Во земјата работат само најосновните сектори, како што се здравствениот систем, пожарникарите, полицијата и продавниците за храна.