Успехот на мажите зависи од- ЖЕНИТЕ
Иако свадбените завети велат „во добро и во лошо, во богатствои сиромаштија“, се чини дека изборот на вистинскиот животен партнер може да ви помогне да успеете. На пример, Барак Обама својот политички успех го припишува на својата сопруга. Науката исто така објасни дека овие не се само празни зборови.
Длабоко во себе, секој знае колку неговиот сопружник влијае врз успехот. Студијата објавена од универзитетот Карнеги Мелон го потврди она што Обама го знае. Истражувачите тврдат дека жените и мажите кои имаат сопружници кои ги поддржуваат имаат подобри шанси за успех во животот.
Во експериментот учествуваа 163 двојки, при што им беа дадени едноставни задачи и загатки, а се следи начинот на кој паровите ги решаваат и како тие комуницираат пред да донесат конечна одлука и да одлучат дали ќе се борат за наградата. Имаше учесници кои се охрабруваа едни со други да се борат за наградата, додека имаше и такви чии сопружници не беа убедени и не дадоа поддршка, пишува „Brightside“.
Покрај тоа, истражувачите ги провериле истите парови шест месеци подоцна и откриле дека оние што го прифатиле предизвикот и се натпреварувале за наградата, доживеале поголем личен раст и тврделе дека имаат поголема среќа и благосостојба од оние што одбиле.
Ова не е единствено истражување на оваа тема. Истражувачи од Универзитетот во Вашингтон на Св. Луис исто така спроведе истражување за да докажат дека успехот на еденмаж не зависи само од него - и сопругата игра огромна улога.
Свеста за партнерите и прагматизмот се клучни елементи за успехот на сопружниците. Се разбира, поддршката од партнерот е важна без разлика дали станува збор за маж или жена.