Успехот не е ваше право, успехот е ваша обврска!

НАСКОРО - ВОСКРЕСНИ ЖИВ Автор: Зоран Витанов

Оваа книга е наменета за секој оној кој знае дека во животот може да постигне многу повеќе од она што го постигнува во моментов. За миг не можете да постигнете успех, но за миг можете да го смените правецот. Ништо не е помоќно од променетото размислување. Токму тоа го направил авторот на оваа книга. Се откажува од политиката по десетгодишна активност. Целосно се свртува кон претприемништвото и за само осум години изградил трговска и потрошувачка мрежа во над 40 држави на сите континенти, која прави обрт од неколку десетици милиони евра месечно. Содружник е во глобални пионерски проекти кои го менуваат блокчеин пазарот и пазарот на криптовалути на светско ниво. Во моментот е еден од најуспешните во областа на нетворк маркетингот на целиот Балкански Полуостров, индустрија која во 2017 година на светско ниво прави поголеми заработки од музичката, филмската и индустријата на видеоигри заедно.

Оваа книга - првенец на Зоран Витанов, не може да се оквалификува во ниту еден класичен литературен жанр, но сепак е целина во една приказна. На почетокот започнува како роман, во вториот дел продолжува како автобиографско дело, а на крај преминува во макроекономски учебник кој ги предвидува идните глобални економски текови. Со знаењето од оваа книга вие можете да се позиционирате во животот и да ги искористите тие промени да работат во ваша полза, без оглед на вашето образование. Книгата е напишана со голема амплитуда на разбирливост, каде е подеднакво приемлива и за целосни непознавачи на економијата, но и за напредни глобални познавачи на економските текови.

Наскоро - во сите книжарници на Просветно дело!