„Ужасно“: Обожавателите згрозени од деталите на фотографијата на Ким Кардашијан

Ким Кардашијан минатата недела ја помина со своето семејство во тропските предели, а одморот го искористи за да ужива во потполност - во морето, сонцето, белиот песок.

Секако, таа не ја пропушта можноста да направи провокативни фотографии во бикини, и да се пофали со нив на социјалните мрежи.

Нејзиниот профил на Инстаграм е полн со фотографии насочени кон нејзините бујни облини, но неодамна нешто друго го привлече вниманието на обожавателите на оваа ријалити ѕвезда. Ким носеше необични влечки чија цена е превисока, а естетиката е дискутабилна.

Имено, таа наместо апостолки или класични влечки, се одлучи бизарната, футуристичка креација на брендот Yeezy, чиј творец е Канје Вест, нејзиниот сопруг. Патем, нивната цена е околу 800 долари.

Јавноста, пак, немаше убави зборови за нејзиниот избор на обувки.

„Овие чевли се ужасни“, „Зошто ги носиш?“, „Само што помислив дека ќе се одмориме од влечките на Yeezy“ - се само некои од низата забелешки.