Вака милионерот покажува љубов: Марк Цукерберг покажа што ѝ подарил на сопругата, социјалните мрежи горат поради овој подарок!

Марк Цукерберг е еден од најбогатите луѓе во светот, а повеќепати воодушевил многумина со својот став кон животот и односот кон сопругата. Сопственикот на Фејсбук навистина знае на оригинален начин да и покаже љубов на својата сакана.

Сега тој ги изненади сите со објава на Инстаграм во која покажува што подготвил за Присила Чан. Имено, во нивниот двор била поставена голема статуа со ликот на неговата сопруга.

„Ја враќам римската традиција на правење скулптури на жени“, напиша тој подолу покрај фотографијата на Присила како пие кафе покрај статуата на Даниел Аршам.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Љубов две децении

Присила и Марк се заедно повеќе од 20 години, а во брак над 10, а заедно имаат три ќерки кои, интересно, носат и имиња инспирирани од стариот Рим - Максима, Август и Аурелија.

„Се сретнавме на забавата за заминување што моите пријатели ми ја приредија на факултет кога помислија дека ќе ме исфрлат“, еднаш откри основачот на Фејсбук.

„Ја побарав да излеземе, но ѝ реков дека ќе мораме да го направиме тоа наскоро бидејќи можеби ќе ми останат само уште неколку дена во кампусот. Подоцна го отворив Фејсбук, се венчавме и сега имаме три прекрасни ќерки“, додаде тој.

Присила по професија е доктор, а парот заедно се занимаваат со филантропска работа.

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs