Вакцината против коронавирусот на центарот Вектор штити најмалку половина година
Александар Рижаков, директорот на одделот за инфекции и грип на Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија Вектор рече дека првата фаза на клиничкото испитувања на руската вакцина против коронавирусот е завршена и дека докажано вакцината е целосно безбедна
Според Рижаков, оваа вакцина не создава доживотен имунитет, „што е добро, затоа што не правиме никакви промени за цел живот“. Тој прецизира дека вакцината нема ограничувања за ревакцинација.
Според него, вакцината на центарот Вектор штити најмалку половина година.
Тој додаде дека вакцината реагира прилично стабилно на мутациите на вирусот.
Можеме да бидеме смирени во моментот, а мислам и во иднина, бидејќи оваа вакцина реагира прилично стабилно на мутациите на вирусот, рече Рижаков, нагласувајќи дека Светската здравствена организација објавува информации на неделно ниво за нови откриени мутации во вирусот корона, и дека е досега се проучени повеќе од 80 000 такви вируси.
Тој додаде дека во третата фаза, кога се тестира ефикасноста на вакцината, ќе учествуваат најмалку 3.000 волонтери.
Според Рижаков, првите резултати од тестирањето на вакцините ќе бидат достапни во следните неколку месеци и тоа ќе биде објавено во руските и странски научни списанија.
Рижаков истакна дека вакцините, кои се развиени на платформата, на која сега се развива вакцините против короната на центарот Вектор, не влијаат на репродукцијата.
Експериментите што претходно ги спроведовме на вакцините развиени на слични платформи, на пример, пептидната вакцина против ебола, покажаа дека вакцината не влијае на репродукцијата, нагласи Рижаков.