Вакво нешто не сте виделе: Оваа жена ги има најголемите гради на светот
Жената со
најголеми гради на светот, Челзи Чармс (47) ги шокираше фановите на Инстаграм
покажувајќи ги своите огромни гради. Имено, таа во последните неколку години не
излегува често во јавност, но изгледа дека сепак одлучила да се врати, со оглед на
тоа дека неодамна објави неколку провокативни фотографии на својот инстаграм
профил.
На една
фотографија таа носи горен дел без прерамки кој едвај ги скротува големите
гради, додека пак розовиот горен дел со прерамки уште повеќе ги истакнува
нејзините облини.
Обожавателите ја нарекоа „убава“, а многумина и побараа телефонски број. Исто така, во описот на нејзиниот профил на Инстаграм напишала: „Единствениот официјален профил на најголемите гради на светот“.
Интересно е што последен пат Челзи се појави во медиумите на британската телевизија на „This Morning“ на ITV во 2011 година. Во интервјуто таа изјави дека нејзините гради се огромни, а поради процедурата која ја направила тие постојано растат. Поточно, таа ги зголемила градите со сега веќе нелегална процедура, во секоја града и била вметната жица од полипропилен. Овој материјал ја иритира слузницата на градите и создава серум кој ги зголемува, а овој процес може да трае долго. Тогаш таа изјави и дека ќе ги намали градите и ќе го отстрани полипропиленот бидејки тие растеле по 2.5 сантиметри секој месец, но се уште нема дадено официјална информација за тоа.
Исто така Челзи истакна дека има проблеми со јадењето и дека мора да спие на грб. Има проблем да се смести во авионски тоалет и мора редовно да вежба за да ги одржува градите. Една од нив тежи приближно колку 2 лубеници. Сепак таа е горда на своите гради, вели дека не се срами од нив, напротив, за неа тие се чиста уметност.