Ве касне ли... 4 часа ќе имате ерекција

Истражувачите од Медицинскиот универзитет во Џорџија веруваат дека отровот на бразилскиот скитник пајак може да доведе до развој на нов лек за еректилна дисфункција. Д-р. Кенија Нунес вели дека отровот делува на поинаков начин од вијаграта.

„Ова е добра вест бидејќи знаеме дека некои пациенти не реагираат на конвенционалната терапија. Ова може да биде алтернативен третман за нив“, рече Нунес.

Нејзиното истражување, кое беше објавено во Журналот за сексуална медицина, вклучуваше експерименти со глувци кои имале тешка еректилна дисфункција. Сепак, потребни се дополнителни истражувања.

Несаканите ефекти може да вклучуваат губење на мускулната контрола, силна болка, отежнато дишење и смрт.

"Токсинот ја нормализира еректилната дисфункција кај глувците. Отровот на бразилскиот скитник пајак е многу богата мешавина од неколку молекули. Овие молекули се нарекуваат токсини. Во отровот има различни токсини со различни активности. Кога пајакот ќе касне човек, се јавуваат различни симптоми вклучувајќи и ерекција која трае четири часа“, објасни др. Нунес.

Американката Марија Лејтон (43) го пронашла овој пајак додека на својата шестгодишна ќерка и давала банана. Инаку го има најчесто на баните.

"Мојот сопруг купи банани на пазар. Кога земав една, ми беше малку чудно, но кога зедов друга да и дадам на ќерка ми да јаде, видов пајакови кожурци. Веднаш сфатив дека нешто не е во ред и почнав да барам на Интернет. Кога сфатив дека се работи за бразилски пајак, сфатив дека јас и моето семејство сме во опасност“, вели Марија.