„Веднаш ги пријавиле во полиција и ги депортирале“: Американец откри зошто Балканот не се вклопува во американското општество
Американецот Џустус Рeид шокираше со својата приказна за Балканот и зошто тие не се
вклопуваат во американското општество
Џустус Реид, познат Американец кој помина неколку месеци на Балканот, објави видео во кое објаснува зошто Балканот никогаш нема да се вклопи во Америка.
Џустус го следат речиси 700.000 луѓе на TikTok, каде што редовно објавува забавни видеа од неговите патувања. Во ова вирално видео тој во Америка раскажа како што вели вистинска приказна за Балканот.
„Еве зошто Балканот не се вклопува во американското општество“, започнува тој.
„Еден пријател штотуку ми ја кажа најлудата вистинска приказна што некогаш сум ја слушнал... Пред неколку лета, тој работеше во агенција и испрати тројца мажи од Хрватска во Бостон како дел од програмата „work&travel“, продолжува Реид.
„Се‘ беше во ред додека не дојде балкански празник и момците сакаа да прослават печејќи прасе. Се јавуваа насекаде и не можеа да најдат место каде што ќе можат да купат свиња. Потоа отидоа во продавница која продава и посвојува животни, па посвоија виетнамска свиња“.
@justus_reid Was this fair?? #balkan #croatia #hravtska #serbia #bosnia original sound - Amerikanac
По еден месец биле повикани од истата продавница за миленичиња да проверат како е прасето.
„Може да им биде тешко на свињите во урбани средини, па сакаа да проверат“, вели тој во видеото кое досега е прегледано речиси 450.000 пати, пишува Вечерњи.хр.
„Им се јавуваат и прашуваат како е прасето... А балканците одговараат дека било многу убаво, одлично! Продавниците велат: Беше? Што сакате да кажете... Момците рекоа дека било вкусно, го испекле и изеле. Вработените во продавницата биле толку шокирани што ги пријавиле во полиција и ги депортирале! Ако тоа ви звучи лудо, прашајте ги Американците...“
Фото и Видео: ТикТок