Веќе 56 денови е позитивна на коронавирус: Докторите не знаат зошто
BIANCA DOBROIU е италијанска манекенка кој 56 дена е позитивна на коронавирусот. На 28 февруари беше примена во болница во Болоња со симптоми на коронавирус, а по тестовите, беше откриено дека е позитивна на КОВИД-19.
Таа беше отпуштена на 6 март и и беше речено да остане во домашна изолација. Бјанка, која е студентка и манекенка, остана во изолација и продолжи да се тестира редовно, а четири пати резултатите покажаа дека таа сепак е позитивна на коронавирус, додека еден тест беше нејасен.
Шестиот тест минатата недела беше исто така позитивен.
"Пациентот е во ред, но тестовите се враќаат позитивни. Ние внимателно го проучуваме нејзиниот случај. Што се однесува до нас, никој друг во Италија не бил позитивен толку долго. Инаку, позитивните резултати не траат повеќе од четири недели", изјави специјалистот за болничка инфекција Лусијано Атард .
Бјанка за локалните медиуми изјави дека не е премногу загрижена за резултатите што се враќаат позитивни затоа што се чувствува добро. Таа е во изолација со нејзината мајка која трипати била тестирана и сите резултати биле негативни.