Забава // Занимливости
Велиме, капа долу момче: Херојот Јован откри како спасил 21 живот во „дискотеката“ во Кочани

Младиот Јован Костадинов, деветнаесетгодишникот кој спаси 21 дете при трагичниот пожар во дискотека во Кочани, по краткиот престој во болница, вчера се врати на училиште, каде соучениците и наставниците го пречекаа како што доликува - како херој!
Јован беше пречекан со силен аплауз од врсниците пред гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница, држејќи транспарент полн со зборови на благодарност за неговата пожртвуваност и храброст.
Додека Јован разговарал со наставниците, несвесно открил како успеал да спаси најмалку 20 животи од запалената дискотека. Тој се присетил дека останал смирен и запамтил што треба да прави благодарение на часовите за прва помош што морал да ги помине , за да ја добие возачката дозвола.
„Денешниот настан покажа дека е време да се оди напред со некои нови вредности. Вредности кои ќе ја почитуваат хуманоста, вредности во кои сите млади луѓе треба да се поистоветат со овој херојски настап на Јован.