Вера објави оглас за барање момче! Им поставила 15 прашања, а поради одговорите одбила 5.000 мажи

Популарна инфлуенсерка од Холандија објавила оглас во кој бара момче, но кога ги видела одговорите на 15-те прашања што ги поставува на мажите, изгубила надеж.

Отсега, се чини, имаме нови начини за барање сродна душа. И покрај популарноста што ја стекна на социјалните мрежи и моќта на апликациите за запознавање, инфлуенсерката Вера од Холандија реши да објави оглас во кој бара момче. Секој од кандидатите требаше да реши тест од 15 прашања, со цел Вера Дијкманс да биде сигурна дека нејзиниот потенцијален партнер ги исполнува нејзините високи очекувања. Се пријавиле 5.000 мажи и речиси секој бил одбиен - освен тројца.

„Би рекла дека добив околу 5.000 апликации, но откако поминав низ повеќето од нив, најдов само тројца момци за кои мислев дека се соодветни“, рече Вера, која живее во Лондон, додавајќи дека со нив одела на состаноци, но и дека не успеала да комуницира со нив.

„Отидов на состаноци, но сè уште сум сингл. И покрај овој разочарувачки резултат, експериментот сепак го сметам за успешен бидејќи можев да кажам што сакам и да видам кои мажи одговараат на тие критериуми", рекла Вера и додала дека таа избрала само три затоа што сите други пријави и биле „чудни“.

Ова се 15 прашања што ја интересираат Вера:

*Кој е вашиот астролошки знак?

*Број на поранешни девојки, број на оне кои се „луди“ и бпоранешни со кои сè уште пишуваш/разговараш?

*Имаш ли деца?

*Дали ги сакаш?

*Дали си во брак или сега се состануваш со некого?

*Дали имаш работа со полно работно време?

*Ако треба да избереш три придавки за да се опишеш себеси, дали една од нив би била „глупав“?

*Дали живееш со твоите родители?

*Дали поседуваш работен автомобил?

*Дали имаш Твитер?

*Дали моментално имаш комбинација за секс?

*Ако живееме заедно, дали јас би добила посебна просторија за гардероба?

*Дали е во ред да им се додворуваш на моите другарки?

*Дали сакаш да ја гледаме серијата Аватар?

*Кој е најдобриот уметник: The Weeknd, Future, Drake или Travis Scott?

„Моментално сум на чекање и барам момче, но имам отворени опции. Многу сум пребирлива и ми треба момче за да биде речиси совршен. Мислам дека не треба да правам компромиси за моите потреби, да бидам сингл додека не најдам маж со кој треба да бидам“, рекла Вера.

Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs