Веројатно има логика: Поради овие работи жените најчесто ќе ве остават

Да престанеш да сакаш некој е еднакво лесно како и кога се заљубуваш.

Иако тоа е тешко да се признае, особено кога сте со години во врска со некој и љубовта која изгледа вечна може да исчезне во момент кога жената ќе престане да се чувстува убаво во врската. Запоставувањето и преголемото опуштање се само некои од работите преку кои голем број жени во врска не може да поминат, а во продолжение откријте ги и трите најчести причини попради кои потполно престануваат да сакаат:

Недостаток на почитување

Секоја жена сака да се чуствува почитувано во врска. Кога не го добива потребното внимание, жената се чувствува несакано и заменливо, што е сигурен пат до разделба. Меѓусебното почитување е клучно за стабилна и здрава врска.

Недостаток на интимност 

Интимата не мора да биде нужно поврзана со сексот. Вистинската љубовна интима кон која жените во врска тежнеат е оној вид на поврзаност кога со партнерот размислувате како едно и се чувствувате поврзано дури и кога не сте заедно.

На другите им е поинтересна

Кога жената ќе сфати дека другите мажи се поголеми каваљери и подобро постапуваат кон неа од нејзиниот партнер, тоа може да ја размрда врската. Од друга страна, жената на која партнерот секојдневно и доделува комплименти нема воопшто да погледне кон други мажи.