Забава // Занимливости
Ви откриваме како изгледа внатрешноста на Кеопсовата пирамида (ВИДЕО)
- 22 Јуни, 2020
Кеопсовата пирамида или Куфу е дефинитивно најголемата пирамида, единствената зачувана од седумте чуда на античкиот свет.
Во оригиналот, таа бил висока 146,5 метри, додека денес е 138,8 метри.
Нјзиниот градител, фараонот Куфу, попознат по грчкото име Кеопс, ја градил, според египетолозите, околу 20 години - меѓу 2509 и 2483 година п.н.е.
Во пирамидата има три огромни комори и бројни ходници и прелази, а секако најпозната е Големата галерија, најголемата комора досега откриена во неа.
Благодарение на видеото на BBC 3D, ни беше дадена можност практично да прошетаме низ цврсти камени блокови и да откриеме скриени прелази и простории.