Виагри, лубриканти и презервативи: Македонците како алва ги купуваат во време на коронавирус
Пандемијата на коронавирус ги натера граѓаните да си обезбедат средства за лична заштита. Граѓаните уште на самиот старт на пандемијата се стрчнаа кон аптеките и изграбија ракавици, маски и средства за дезинфекција.
Но, не порасна продажбата во аптеките само на средствата за заштита од пандемија. Според нашите три соговорнички фармацевтки, од средината на март, па се до денес околу 30 % е зголемена и продажбата на средствата за зголемување на сексуалното задоволство, но и на средствата за заштита од бременост и заразни полови болести.
На територијата на Скопје продажбата на презервативи, виагри, лубриканти и лекови за контрацепција се зголемила за 30 %. А додека во југоистокот од земјава продажбата на средства за сексуално задоволство пораснало за околу 20 %.
Фармацевтот Ј. С од Скопје вели дека зголемената продажба на презервативи, виагра и лубриканти е сосема очекувана.
„ На самиот старт на пандемијава , по само 15 минути од прогласувањето и воведувањето на мерките граѓаните „навалија“ во аптеките. Купуваа средства за заштита, ракавици, маски, средства за дезинфекција, но исто така купуваа и поголеми количини на витамини, особено витамин Ц, но и други суплименти за зголемување на имунитетот. Некои граѓани си обезбедија и аналгетици и антисептици. Поголема побарувачка на средства за поголемо сексуално задоволство се почувствува во средината на март, поголемата продажба продолжи и во април, се продава и денес“, вели фармацевтката А.С од Скопје.
Кон средината на март средствата за заштита од коронавирус скоро и да ги немаше низ аптеките, дефицитот на овие средства се почувствува низ целата земја.
„ Во овој период, откако владата донесе рестриктивни мерки за движење, откако луѓето останаа дома од разни причини, некои за жал изгубија работа, некои користат стари одмори, а некои работат од дома, прво почнаа масовно да се продаваат маски, ракавици и средства за дезинфекција. Кон средината на март се ова што набројав беше дефицит. Во мојата аптека овие производи практично ги немаше да се купат. Но, од почетокот на април пак, забележителна е и продажбата на други производи и сосема рабирливо, бидејќи луѓето се дома. Се повеќе се продаваат кондоми и лубриканти, за поголемо сексуално доживување. Повозрасните, пак, би рекла, на возраст од над 60 до 65 години купуваат и вијагра. Во споредба со лани овој период, продажбата на овие производи е за некој процент поголема“, вели А.И. која има приватна аптека.