Vibe On кредит за млади – твојот прв чекор кон независност

Во денешниот свет со брз начин на живеење, разбирањето на личните финансии станува поважно од кога било, а особено важно за младите, со цел да ги остварат своите желби и планови за иднината на најефикасен начин.

Во тој контекст, значењето на финансиското образование е особено важно, затоа што ги опремува поединците со знаење за да носат информирани одлуки за буџетирање, штедење, инвестирање и за управување со ресурсите. Разбирањето на финансиските начела им помага на младите подобро да се движат низ животните пресвртници, од полагање возачки испит до планови за одмор, патување и едуцирање.

Ние во Шпаркасе Банка веруваме дека поддршката на младите е круцијална и се состои во достапност на кредитни производи, специјално изработени за нивните цели. Токму таков е новиот и единствен кредит за млади Vibe On, како прв чекор кон финансиска самостојност и остварување на нивните соништа. Станува збор за наменски кредит за млади од 18 до 29 години, со фиксна каматна стапка од само 2,99%, на износ до 500.000 МКД, и рок на отплата до 60 месеци. Средствата од кредитот ќе можат да се користат за неколку цели, вклучувајќи: полагање возачки испит, одмор и патување, набавка на компјутерска и ИТ-опрема, образование, дообразување и преквалификација за развој на вештини, програми Work&Travel како и за апсолвентски екскурзии. Со нудење на овој приспособен производ, Шпаркасе Банка ја потврдува својата посветеност да ги поддржува младите во нивните различни определби, од образовно напредување до лично збогатување и развој на кариерата.

Во линија на банкарската поддршка за кариерен и личен развој на младите, Шпаркасе Банка оствари деловна соработка со Brainster, која вклучува реализирање голем број активности како курсеви, едукативни настани, хакатони и проекти, со цел да обезбедат нови можности за личен напредок кај младата популација. Оваа соработка е само еден од низата проекти и активности што ги најавува Шпаркасе Банка, чија цел е поддршка на младите лица, идните лидери и иноватори преку соодветно насочено образование и креирање стабилна финансиска независност.

Ова се неколку корисни совети за младите за тоа како ефикасно да управуваат со кредитите:

-Разберете го вашиот кредитен рејтинг

Запознајте се со она што го сочинува вашиот кредитен рејтинг, вклучувајќи историја на плаќање, користење кредит, должина на кредитна историја, типови кредит и нови барања за кредит.

-Вршете навремени плаќања

Навремените плаќања се клучни за одржување добар кредитен рејтинг. Користете потсетници или автоматизирајте ги плаќањата за да се осигурите дека никогаш не го пропуштате датумот на доспевање.

-Одржувајте ниско користење на кредитите

Ограничете го трошењето: Целта е да користите помалку од 30% од вашиот расположлив кредитен лимит.

-Избегнувајте да отворате премногу сметки одеднаш

Секое ново барање за кредит, може да го намали вашиот резултат, затоа аплицирајте за кредит само кога е потребно и избирајте кредитни производи што одговараат на вашите потреби.

-Едуцирајте се за кредитни производи

Разберете ги различните видови кредитни производи (какви што се кредитни картички, лични заеми и студентски заеми) и нивните услови и не двоумете се да побарате совет од вашата банка.

Затоа, ги охрабруваме сите млади луѓе да аплицираат лесно преку нашата веб-страница или да посетат некоја од нашите филијали за да се информираат подетално. Верувајте во иднината и дозволете ни да ви помогнеме да ги постигнете вашите финансиски цели.

#ВерувајВоИднината

ПР објава