(ВИДЕО) Ана е полицајка во Чикаго: Ги гледав мажите како плачат по обуката

Ана Лазиќ пред седум години од родниот Уб, во Чикаго основала семејство и родила две деца. Нејзиниот сопруг како и остананите балканци во овој дел од светот, се занимава со транспорт. Меѓутоа, Ана решила да ја разбие монотонијата. Нејзината професија е тотално атипична кога се во прашање балканските семејства, а особено атипична за понежниот пол. Ана е полицајка.

„Овде дојдов во 2011 година, во Америка ме однесе љубовта, тука се омажив за својот сегашен сопруг, Ненад. Наредните две години ги поминавме во камион. Тој возеше, јас му помагав, но не сакав да научам да возам бидејќи знаев - доколку положам, ќе ми купи камион и потоа ќе бидеме секој на своја страна. Ќе се гледаме, но на паркинзите за камиони. Имав гледано такви случаеви и не сакав да одам по тој пат. Тие две години беа интересни, успеав да пропатувам голем дел од Америка и еден од Канада. Имавме можност да бираме кога да возима, кога да одиме на одмор и сето тоа функционираше добро, додека не останав бремена. Откако ги родив двете деца и откако тие почнаа да растат, знаев дека ќе морам да почнам да се занимавам со нешто“ - вели Ана.

Како што истакнува, „кога си Србинка и имигрант во Чикаго тогаш немаш многу избор“.

„Всушност можеш да бираш во која камионџиска компанија ќе одиш, а јас сметав дека е доволно тоа што едниот од нас се занимава со камиони. Тоа е некој начин на сигурност за човек кој ќе дојде од Србија, но на некој начин е и клетва. Бидејќи, кога еднаш ќе влезеш, не можеш да излезеш. Или ќе возиш камион или ако си Србинка, Босанка, Македонка... ќе работиш безбедност или сметководство“ - истакнува таа.

Поради тоа решила да стане полицаец.

Решив да се занивам со работа која не е карактеристична за имигранти, за жена, но и за жена во мои години (35). Решив да бидам полицаец. А тоа не се станува преку ноќ. Ми требаа неколку години да завршам колеџ и подоцна Полициска академија. Тој колеџ не беше неопхподен, но одличив да го завршам бидејќи ти дава подобра стартна позиција, покажува дека си навистина заинтересиран за таа кариера. Успешно го завршив, со одлични оценки, на што сум многу горда. А по тоа одлучив да аплицирам за работа во полициските станици. Аплицирав на 25 места. Додека ги чекав одговорите, добив работа во затвор“ - истакнува Лазиќ.


Таа истакнува дека работата во затвор може да биде многу опасна, особено кога поминуваш време помеѓу затворениците, а не си вооружен.

„Но, не ми беше страв. Пред да стартувам со работа, завршив и Затворска академија. Таму учев многу работи, од вештини за самоодбрана до користење спрејови. Беше многу напорно, бидејќи се сведува на тоа како да се одбраниш без оружје, но подразбира и учење на закони, правата на затворениците. Во затвор поминав само неколку недели, бидејќи ми стигна понуда да работам како полицајка. Ја положив заклетвата и отидов во Полициска академија“ - објасува Ана.

Таму воопшто не и било лесно.

„Оној момент кога ќе влезеш знаеш дека треба да биде така и да се помириш со тоа. А, тие признаваат дека им е задача да те скршат и да те изградат повторно. Бидејќи работата со која ќе се занимаваш кога ќе излезеш од таму подразбира дека ќе бидеш на улица, каде што луѓето ќе те нарекуваат со разни имиња, ќе ти се закануваат, напаѓаат, пробуваат да те убијат...Мора да бидеш психички јак за да ги контролираш своите емоции во секој момент, а во меѓувреме многу ќе викаат на тебе, ќе те навредуваат, деградираат... Со свои очи ги гледав момците, моите колеги, кои после тоа седат во авотмобил и плачат. Кога еднаш ќе го поминеш тоа, подготвен си на се“ - истакна таа.

Ана рече дека во оваа земја открила дека постои Американскиот сон.

„Јас дури не ни сонував дека ќе успеам во ова. Знаеме колку е тешко во Србија да ја промениш работата, доколку имаш 35 години и две деца. Овде се испостави дека тоа е можно. Доколку се трудиш и работиш напорно, можеш да направиш што сакаш. Тоа е и мојата порака за жените кои размислуваат да тргнам по моите стапки“ - заврши Ана.


Извор: serbiantimes.info