(ВИДЕО) Дали би живееле во „куќа за птици“: 50 м2 дом на 3 ката
NestinBox има две и пол простории и целосно функционална кујна
NESTINBOX е иднината на домувањето. Така барем тврдат, во истомиената шведска иницијатива кое е систем за градење на овие „куќички за птици“ за луѓе.
Со цел да се намали градскиот метеж и да се реши проблемот со градскиот недостиг во урбаните средини, е смислен нов вид на простор за живеење - оној што виси на карпа - во соработка со градежната компанија Модерна Трухозо.
„Кој вели дека мора да живееме на земјата? Ајде да научиме нешто од животните“, велат архитектите во NestinBox.
NestinBox изгледа како дрвена куќичка за птици. Со простор од педесетина квадратни метри и вклучува три ката со две и пол простории и целосно функционална кујна.
И да, наместо на земја, ќе се градат на карпи високи околу 18 метри.
NestinBox е само идеја досега, но потребни се само осум до 10 недели за да се изградат.
Видео Primex media