(ВИДЕО) Херој на денот: Крадец прекина грабеж за да спаси деца од удар на автомобил

Словачката полиција објави снимка од сообраќајна незгода која се случила во Братислава.

Станува збор за автентична снимка, на која се гледа моментот кога на пешачки премин, поминувале две деца, додека кон нив еден автомобил пребрзо се движел.

Автомобилот сигурно ќе ги удрил децата и тешко повредил, ако не ги спасеше човекот кој видел што се случува.

И се ќе беше во ред, доколку мажот кој ги спаси децата, да не ја ограбеше блиската продавница.

Меѓутоа, тој се откажал од својата намера и го прекинал грабежот, само за да ги спаси децата. Децата поминале со лесни повреди, а крадецот веднаш побегнал.

Полицијата ги потврди сите детаљи од инцидентот, а сега го истражува случајот.