ВИДЕО кое докажува дека чудата се можни: Жена спасена од урнатините во Турција по 222 часа
42-годишна жена денеска е спасена од урнатините на зграда во
градот Караманмарас на југот на Турција, речиси 222 часа по разорниот земјотрес
што го погоди регионот, пренесоа турските медиуми.
За време на потрагата по преживеани, спасувачите слушнале звук под урнатините на станбена зграда од седум ката.
Кога започна операцијата за опкружување, четириесет и двегодишната жена Мелике Имамоглу беше извлечена од под бетонот и урнатините од еден од воздушните џебови што се формирале.
#تركيا.. إنقاذ سيدة من تحت الأنقاض في #قهرمان_مرعش بعد مرور 222 ساعة على #الزلزال https://t.co/N5GQzChp3N pic.twitter.com/VaKuPvNwUd
— ANADOLU AGENCY (AR) (@aa_arabic) February 15, 2023
На телевизиската снимка се гледаат спасувачки екипи како ја носат жената врзана на носилки до амбулантно возило, пренесува Ројтерс.
Според неодамнешните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари.