(ВИДЕО) ЛЕДЕНО ЦАРСТВО: Австриец го собори сопствениот рекорд, повеќе од два и пол часа седеше во коцки мраз
Јозеф Коберл
помина повеќе од два часа и 30 минути во специјално направена кутија полна со
коцки мраз
Австриецот Јозеф Коберл го собори сопствениот рекорд во најдолгото седење во коцки мраз. Коберл успеа да издржи два часа, 30 минути и 57 секунди потопен до рамото во 200 килограми коцки мраз спакувани во специјална кутија, во која влезе облечен само во костим за капење.
Болката која ја доживувал поради ледените температури, Коберл вели дека ја надминувал со позитивни емоции.
„Се борам против болката со визуелизација и позитивни емоции“, им рече тој на новинарите во Мелк откако го собори претходниот рекорд, кој беше поставен во 2019 година, останувајќи половина час подолго на мразот.
Тој има намера повторно да го сруши својот рекорд, следната година во Лос Анџелес, а неговиот тим вели дека личниот рекорд на Коберл е истовремено и светски рекорд.
Можеби ќе ве интересира:
Нов рекорд за Окто Фенисимо: Булгари го создаде најтенкиот часовник на светотВртоглава сума: Најскапата овца во светот! (ВИДЕО)