(ВИДЕО) Најголемиот град на духови повторно ќе биде отворен за туристи
Владата на Северен Кипар соопшти дека наскоро ќе го отвори
напуштениот град Варош, некогашната
популарна туристичка дестинација, кој стана град на духови по турската воена
инвазија на островот пред неколку децении.
Кипар е поделен на два дела од 1974 година, меѓу Турција и Грција. Оттогаш, градот Варош е „ничија земја“. Поради тоа, влезот во овој град, кој порано привлекуваше туристи од целиот свет, остана забранет за јавноста.
Премиерот на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, Ерсин Татар, ги објави плановите за повторно отворање на градот, кој своевремено имаше 12.000 хотелски соби и 25.000 жители.
- Во овој момент сме многу блиску до реализација на плановите за повторно отворање на градот - изјави Татар.
Тој додаде дека мора да се донесат дополнителни регулативи, а како што се приближуваат изборите, плановите може да се одложат. Но, тој остана оптимист.
- Според мене, сè е подготвено. Климата се смени и се сврти нова страница. Овој град припаѓа на Северен Кипар и никој не може да ни го земе - рече тој. Татар не прецизираше кога градот повторно ќе биде отворен.
Видео: MRTRIPADVISOR