(ВИДЕО) НАСА собра примероци од далечен астероид, на 330 милиони километри од земјата

НОВИ фотографии направени од вселенското летало Озирис-Рекс го прикажуваат историското слетување на НАСА на астероидот Бенну, на 330 милиони километри од Земјата, при што леталото собира примерок што треба да биде доставен на Земјата во 2023 година

На сликите што се поврзани за да се прикаже моментот кога сондата ја допира површината на астероидот, ја гледаме роботската рака на вселенското летало што ги крши порозните карпи на површината. Сондата помина пет секунди на астероидот за да собере материјал.

Потребни се 60 грама од површината

Иако прелиминарните податоци покажуваат дека мисијата за земање примероци поминала според планот, на експертите на НАСА ќе им треба околу една недела да утврдат точно колку материјал е собран, пишува Си-Ен-Ен.


За да може да се анализира примерок од астероид, потребни се најмалку 60 грама, но капсулата на сондата може да прими до 2 килограми материјал од површината.

Сондата Озирис-Рекс беше лансирана пред четири години и во вторникот успешно ја допре Бенну за да собере примерок од површината. Целата операција траеше 16 секунди и бараше голема прецизност.

„Испишавме историја вечерва“

"Сè помина совршено. Ние напишавме историја вечерва", рече водачот на мисијата Данте Лаурета неколку минути по контактот.

Минатата година Јапонија успеа со својата сонда Hayabusa2 да собере мала количина прашина од друг астероид, Рјугуа. Јапонското вселенско летало е на пат кон Земјата и се очекува да донесе примерок во декември.

Со Озирис-Рекс, НАСА сака да собере повеќе фрагменти, најмалку 60 грама, што се надева дека ќе ги открие оригиналните состојки на Сончевиот систем.