(ВИДЕО) Ја прескокнала оградата висока 2 метра: 92-годишна супер баба побегнала од дом за стари лица
92-годишна жена ја прескокна оградата на дом за стари лица во Кина
Неодамнешниот настан во кинеската провинција Шандонг привлече големо внимание откако 92-годишна жена, наводно болна од Алцхајмерова болест, успеала да побегне од дом за стари лица.
На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера на која се гледа моментот кога жена прескокнала метална ограда висока два метри и сето тоа во рок од 24 секунди. Интересно, во видеото, жената покажува изненадувачка умешност и решителност, не покажувајќи слабост или нестабилност при скокањето на оградата.
Откако вработените во старечки дом забележале дека жената ја нема, веднаш била започната потрага. На кинеските мрежи може да се прочита дека четири автомобили интензивно ја пребарувале областа во потрага по исчезнатата жена. Конечно, старицата била пронајдена и безбедно вратена во домот. Овој настан предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што жената успеала да побегне и да прескокне висока ограда и покрај нејзината возраст и наводната болест.