(ВИДЕО) По 7 месеци се вратил во станот и останал во шок од состојбата во која го затекнал

Еден Кинез кој поминал седум месеци надвор од својот стан во Лангфанг неодамна се вратил дома и го нашол својот дом преобразен во мала ботаничка градина.

Неименуван маж од покраината Хубеи ја споделил снимката на социјалните медиуми, откако за прв пат влегол во неговиот дом по седум месеци, пред да започне пандемијата на коронавирус.

Видеото од малата ботаничка градина брзо стана вирален, а многумина веднаш се прашуваа како е можно растенијата да пораснат толку многу без него. Се испостави дека неговиот брат исто така имал улога во тоа.

Сопственикот на станот изјавил за кинеската видео платформа Миаопаи дека е заглавен во родниот град уште од Пролетниот фестивал поради коронавирусот. Тој не можеше да се врати до минатиот месец и беше шокиран од состојбата на станот. Тој, наводно, го замолил неговиот брат, кој живее во истата зграда и има резервен клуч, повремено да ги наводнува растенијата, но не замислувал дека неговиот брат ќе дозволи „растенијата да го преземат станот“, пренесува Oddity Central.

Видео: