(ВИДЕО) Поради коронавирусот, заглавија на нивниот меден месец: Еве што се случуваше
Мишел и Џон Сенџар се венчаа во почетокот на март и неколку дена подоцна се упатија кон Шри Ланка за нивниот меден месец , каде сè уште престојуваат.
Иако тие требаше да бидат таму само две недели, двојката беше „заглавена“ во Шри Ланка два месеци поради коронавирусот.
Видеото, кое Мишел го објави на својот TikTok, покажувајќи како нејзиниот сопруг се ниша на јаже врзано за едно дрво, брзо стана вирално и собра повеќе од четири милиони прегледи.
@meeshandjohn Yup-2 weeks turned into 2 months. We’ve been married in Sri Lanka longer than we’ve been married in America ##covid19 ##coronavirus ##srilanka ##fyp
Summer Days - Martin Garrix / Macklemore / Patrick Stump
Мишел откри за BuzzFeed дека нивниот повратен лет за САД е откажан и сите други летови се премногу скапи.
„Мислевме дека не е мудро да патуваме толку долго низ различни градови за време на пандемијата. Ја повикавме нашата авиокомпанија и го закажавме следниот лет. Сепак, тој исто така беше откажан“, рече таа.
Хотелот во кој престојуваа, исто така е затворен поради коронавирус и тие беа принудени да најдат ново сместување и се преселија во друг хотел.
Додека многумина би помислиле дека се на одмор од соништата, Мишел вели дека е тешко да се биде во карантин во странска земја. Таа, исто така, истакна дека има голем број ограничувања и дека никој не смее да излегува надвор од полицискиот час.
"Ние се снаоѓаме и во моментов работиме. Среќни сме што можеме да го отплаќаме станот во Америка и да уживаме во Шри Ланка истовремено", заклучи таа.