(ВИДЕО) Поради сиромаштија им готви камења на децата: Се надевам дека ќе заспијат чекајќи вечера
Вдовицата Пенина Бахати Кицао го загубила своето работно место и приходи.
Готвела камења за своите деца, со надеж дека ќе заспијат пред да сфатат дека нема вечера.
Пенина, која живее во Момбаса, Кенија, го загуби сопругот минатата година, убиен од локална банда и ги чува и издржува своите деца перејќи алишта, но ја изгуби работата поради пандемија на коронавирус, јавува Би-Би-Си.
Нејзиниот сосед Приска Момани за локалните медиуми изјави како Пенина била принудена да живее откако ги слушнала нејзините деца како плачат од глад. Семејството живее во двособна куќа без електрична енергија и вода.
Таа готвеше камења за децата да ги измами дека добиваат оброк, но за кенискиот НТВ изјави дека тие брзо сфатиле што се случува.
Тие почнаа да ми кажуваат дека знаат дека лажам, но не можам да сторам ништо, бидејќи немав ништо“, рече таа.
Откако беше објавена веста, голем број луѓе ја контактираа за да и’ помогнат и да и’ пратат пари на сметката што ја отвори сосед за неа затоа што Пенина не може да чита и да пишува.
„Ме повикаа од целата земја и ме прашаа како можат да ми помогнат. Не можев да верувам дека Кенијците се толку дарежливи“, рече таа.