(ВИДЕО) Се изолирал во напуштен град што го купил и наишол на неочекувани проблеми
Aмериканец изолиран во напуштен рударски град во Калифорнија наиде на неочекувани проблеми.
Брент Андервуд и неговиот пријател купиле повеќе од 300 хектари земја во Церо Гордо во 2018 година, а нивниот план беше да реновираат 22 згради и да ги отворат како туристичка атракција. Но, неодамна тој заглави во градот на духови, кој се наоѓа на неколку часа од Лос Анџелес, кога го напуштил човекот кој го чувал, за да биде со своето семејство за време на пандемијата на коронавирус.
Судејќи според тоа што рече Андервуд за Њујорк пост, тој започнал да ја доведува во прашање валидноста на неговата одлука, да ја инвестира целаата животна заштеда во градот на духови, со оглед на пандемијата на коронавирус, но и дека наишол на големи број проблеми уште од моментот кога бил таму.
Патувањето до најблискиот град за некое време стана невозможно за него, бидејќи неодамна нападнало повеќе од еден метар снег на ридот што води до него.
Андервуд неодамна одговори на прашања на Редит и откри дека тој полека останува без храна, велејќи дека најблиската продавница е оддалечена околу 40 милји. Со оглед на недостаток на вода, бил принуден да топи снег. Откако доби бројни прашања за тоа што се случува со него, тој вчера објави видео од градот и најави нови снимки на ЈуТјуб.