(ВИДЕО) Внимание: Еве колку брзо се шири короната во кафулињата

Јапонскиот експеримент покажа колку бргу коронавирусот може да се шири во кафич и потсети на важноста на редовно и темелно миење на рацете.

Вирологот Марк Ван Ранст сподели видео на својот профил на Твитер на кое се гледа колку брзо се пренесува вирусот кај луѓето за време на нормалното однесување во затворено, во ресторан или кафе.

Во експериментот учествувале 10 лица, од кои само еден бил „заразен“ - со флуоресцентна боја што го претставува вирусот, еден млад човек му ги фаќал рацете.

Друштвото продолжи да прави сè што вообичаено се прави во ресторан. Учесниците зедоа храна, разговараа, пиеја… По само половина час, светлата беа исклучени и стана јасно колку се шират флуоресцентните честички.

Покрај прибор за јадење, чаши и маси, флуоресцентни дамки беа видливи на одредени делови од телото на кои луѓето се допираа, на нивните усти, носеви, раце…

Експериментот покажа колку е важно да ги миете рацете често и правилно, но и да носите заштитна опрема како што се ракaвици и маска.

ВИДЕО:


извор: Nova