(ВИДЕО) Зошто скокањето од карпа е сериозно опасно?
Скокањето од карпа во вода е доста опасно и може да резултира со опасни повреди, па дури и смрт...
Сите сакаат да
скокат во вода и убаво да си поминат на море, но во морето може да скокате само
од одбележани и правилно наместени скокалишта, бидејќи во спротивно сериозно
може да се повредите. Голем број на луѓе се здобиле со тешки телесни повреди,
бидејќи скокаат од карпи кои се опасни, на кој може да се лизнете и во кои може
да удрите при скокањето.
Исто така, на таквите места никогаш не знаете што ве очекува под вода, па имате уште една голема опасност пред вас, која може да делува кобно по вашиот живот.
Затоа ви покажуваме што се случува со луѓето кои скокаат од карпи и кои не ги почитуваат безбедносните правила. Ве молиме да ги избегнувате овие активности додека сте на летување и да скокате во вода само на местата каде што тоа е дозволено.