Забава // Занимливости
(ВИДЕО)Единствена во светот: Mистериозна река во боите на виножитото
- 27 Мај, 2020
Таа е единствена во светот и е позната како 'Река од пет бои'.
Комбинацијата на праисториска црна карпа, жолт песок, зелен мов, чиста сина вода и сезонски црвени алги, ја прави оваа река прекрасна и мистериозна. Позната е по своите бои на калеидоскоп и е една од главните атракции во Колумбија.
Се нарекува „Река од пет бои“ и привлекува илјадници туристи од целиот свет секоја година. Оние кои досега имаа можност да ја видат, велат дека реката е уникатен феномен.
Реката е секако едно од најдобрите знаменитости во светот и спектакл.
Погледнете како изгледа: