Вилијам и Хари на растојание: Постои можност за „непријатна“ ситуација помеѓу браќата на погребот на принцот Филип (ВИДЕО)
Фото: Youtube/screenshoot/7NEWS Australia
Принцот Чарлс, престолонаследникот и татко на принцовите, ќе
ја води поворката
Принцот Вилијам и принцот Хари нема да одат еден до друг во сабота додека го следат ковчегот на нивниот дедо принцот Филип до црквата, пренесуваат светските медиуми.
Ова, пишува Асошиејтед Прес, ги намалува шансите за „непријатна“ ситуација што може да се појави меѓу браќата кои се во „напнати“ односи по одлуката на Хари да се повлече од кралските должности минатата година.
Бакингемската палата денес објави дека братучедот на Вилијам и Хари, Питер Филипс, ќе шета меѓу принцовите додека го следат ковчегот до капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор, западно од Лондон, пренесе АП.
Принцот Чарлс, престолонаследникот и татко на принцовите, заедно со неговата сестра принцезата Ана, ќе ја предводат поворката од 15 члена.
Видео: Youtube/7NEWS Australia