Вистински злобни луѓе: 9 карактеристки како да ги препознаете

Дали се препознавате во некоја од овие карактеристики?

Германски и дански научници го претставија концептот „заеднички фактор за развој на мрачните личности“. После истражувањето открија дека навистина постојат луѓе чија срж, свест и душа се едноставно злобни.

Ова истражување воедно е и првиот концепт кој овозможува да се види колку некој е навистина злобен длабоко во душата.

Научниците открија 9 особини кои ја формираат злобната личност, чии карактеристики ги носат во својата длабина на човек:

Егоизам

Преголемиот ентузијазам околу работите или активностите кои носат задоволство или предност, а притоа им штетат на другите луѓе или на целото друштво.

Макијавелизам

Склоноста кон манипулација на другите луѓе, немилосрдноста и умот кој постојано смислува стратегии и калкулации.

Отсуство на морал

Предиспозициите за неетичко размислување, кое се изразува преку верувања и дела, отфрлање на класичните „морали и нивните ограничувања“.

Нарцисоидност

Главниот мотив на еден нарцис е да го нахрани своето его, по било која цена.

Психолошка исклучителност

Опсесивна состојба во која личноста верува дека заслужува подобро и повеќе од сите други.

Психопатија

Недостаток на симпатија и емпатија, како и суровост, а сето ова вокомбинација со импулсивност, односно недостаток на самоконтрола.

Садизам

Садист е личност која обожава да ги понижува другите, но и да покажува голема тенденција на суровост при однесувањето со другите луѓе. Тоа го минифестира преку физичко, психолошко и сексуално насилство врз другите за да ја покаже и докаже својата моќ и контрола над жртвите, или едноставно да се забавува.

Опсесија со самите себе

Опсесија поврзана со пари и статус, признанија, дипломи и позиции, која станува се полоша.

Одмаздољубивост

Желбата да се повредат другите луѓе за вистински или имагинарни навреди. Размислуваат за различни одмазди, од социјална и финансиска, па се до емоционална и физичка.