Вистинскиот маж не треба да се откажува од 4 работи во врската и бракот - само така ќе биде ценет и почитуван

Многу луѓе живеат во верувањето дека еден ден ќе ја најдат својата совршена втора половина, а забораваат дека такви работи се случуваат само во бајките и филмовите.

Во реалниот живот, работите се сосема поинакви и понекогаш знаат да бидат многу непријатни. Добрите односи се градат врз способноста на двајца луѓе да се разберат и да се прилагодат еден на друг. Сепак, некои жени влегуваат во врска со намера да го променат мажот за да го направат подобар за нив.

Од мажот зависи дали ќе се согласи или не, но има некои работи од кои ниту еден маж не треба да се откаже. 

1. Лична и финансиска независност; Секој маж сака да ја запознае својата жена од соништата, но кога ќе ја запознае не смее да си дозволи да се откаже од личната и финансиската независност.

Кога мажот е независен, тоа му овозможува да се дружи со своите пријатели без да бара дозвола од никого. Прави што сака и поставува јасни граници. Исто така, ниту еден маж не смее да стане мобилен паричник за сопругата и да не и ја предава целата плата на сопругата и подоцна да моли за џепарлак.

2. Слобода на избор; Многу мажи се откажуваат од правото на избор заради хармонични врски и никогаш не треба да го прават тоа. Секој човек треба да има право на избор и право да ги изразува своите желби. Во ред е мажот да не сака да се кара со својата поубава половина, но не е во ред тој да се согласува и да кимнува со главата за се што ќе каже неговата сопруга.

3. Самопочит; Не е редок случај кога мажот ќе се заљуби, не ни забележува кога партнерката ќе почне да ги преминува сите граници на дозволеното. Ниту еден маж не смее да дозволи да биде понижуван, омаловажуван и непочитуван од сопругата затоа што тоа му штети на неговата самодоверба.

4. Цели и соништа; Партнерот треба да ви дава поддршка и некој кој ќе ве мотивира да ги остварите вашите соништа и цели, а не некој што ќе ве кочи и ќе ве натера да се откажете од вашите соништа. Многумина веруваат дека мажот треба да се откаже од се за жената што ја сака, но тоа е погрешно.

Никој не треба да бара од вас да изберете помеѓу вашите соништа и љубовта на жената. Ако треба да се откажете од вашите соништа под притисок на жена, тогаш таа жена едноставно не е за вас.