Владетелот на Дубаи ги награди „дебело“ луѓето кои спасија мачка

Четири лица ја спасија мачката, а за нивните постапки и добрина, тие беа великодушно наградени од официјалниот владетел на овој емират ...

Звучи како фикција, но навистина не е, бидејќи минатата недела, видеа и фотографии од овој настан го преплавија интернетот, пофалувајќи ги четворицата мажи што спасиле мачка заглавена на балкон во многу фреквентна улица во Дубаи

Мачката, која во тоа време била бремена, стигнала до балконот на вториот кат и едвај се држела. Насер Мухамед - возач на автобус од Индија, Атиф Мехмуд - продавач од Пакистан, Рашид Мохамед - сопственик на самопослуга и Ашраф Блеинка - марокански безбедносен работник, се собраа да помогнат. Тројца мажи пронашле старо ќебе, додека едниот направил видео.

Видеото беше објавено на социјалните мрежи и набргу потоа стана вирално, па затоа го објавија бројни медиумски станици на нивните канали. Влијанието на видеото стигна дури и до шеикот Мохамед бин Рашид, потпретседател и владетел на Дубаи. Тој го сподели видеото на Твитер и ги замоли своите следбеници да му помогнат да стигне до актерите од видеото, што и го направија. Владините претставници ги посетија четворицата мажи и им подарија пликови со 13.700 долари.

Кралското семејство на овој емират е познато по својата љубов кон животните, што ја покажаа многу пати. Неодамна имавме можност да го видиме крунисаниот принц, шеикот Хамдан Бин Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, кој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од гулаб сместен на хаубата на неговиот модел Мерцедес-АМГ Г63. Принцот потоа го огради својот автомобил со црвено -бела лента, за птицата да ги извади своите пилиња во мир.

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">Proud and happy to see such acts of kindness in our beautiful city. <br>Whoever identifies these unsung heroes, please help us thank them. <a href="https://t.co/SvSBmM7Oxe">pic.twitter.com/SvSBmM7Oxe</a></p>&mdash; HH Sheikh Mohammed (@HHShkMohd) <a href="https://twitter.com/HHShkMohd/status/1430229698706034695?ref_src=twsrc%5Etfw">August 24, 2021</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>