Владимир цепел дрва и пиел ракија, а сега носи црвен фустан на Еми наградите: Цел свет пишува за него
Андреј Владимир Дунавски е драг кралица која се вика Плејн Џејн, а на доделувањето на Еми наградите дојде толку маскирана што никој не знаеше која е.
Драг кралицата која е позната по реалното шоу Drag Race остана целосно непрепознатлива со кратка боб фризура, надуени црвени усни и тетоважа по целото тело.
Инаку, Владимир по потекло е Русин, но е роден и израснат во Бостон. Тој не го крие своето потекло и често зборува за тоа како пораснал цепејќи дрва, пиејќи ракија и правејќи типично машки работи карактеристични за Русите.
Сега танцува и пее, но како драг кралица. Се облекува во разни улоги и канализира женски ликови, но предимензионирани.
Неговото презиме Дунавски потекнува од името на реката Дунав. Уште како дете можел да се натпреварува во танц. Тој израснал во патријахално семејство и еднаш ги раскажал деталите од своето детство:
„Во една прилика татко ми ми ги одзеде сите кукли велејќи дека само „педерите си играат со кукли“. Влегов во собата и видов дека сите мои кукли беа заменети со противпожарни возила. На млада возраст ми беше многу јасно. иако не бев баш свесен за каква хомосексуалност се работи.
Видете, не го обвинувам татко ми. Татко ми е руски еврејски имигрант. Русија е многу хомофобна земја. Тешко е само да се преболи... Во основа, пораснавме околу руски имигранти. Немав луксуз да бидам прифатен од моите родители без разлика на се“.