Вљубени како некогаш: Брижит и Емануел Макрон крстареа на јахта низ француска ривиера
Четириесет и
пет годишниот француски претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,
седумдесет годишната Брижит овој период го минуваат на остров во близина на
популарната француска ривиера. Папараците ги снимија на јахтата, а Бриџит во таа прилика носеше сина кошула и кратко бело здолниште.
-Носам здолништа над колена, а не мини. Признавам дека сакав да носам мини здолништа кога бев помлада, со другарките ги криевме во чантите кога излегувавме. Одевме до крајност, од прекратки до предолги здолништа, додека еден ден баба ми не ме виде, па ми рече дека личам на баба во нив. Никогаш повеќе не ги облеков“, рече првата дама за магазинот Elle.
За потсетување Макрон се еден од најконтроверзните парови. Се запознале кога Емануел имал само 16 години, а Брижит му била учителка. Во брак се од 2007 година, а Брижит има три деца и седум внуци од претходниот брак.
Фото:youtube/screenshot