Во 3 македонски манастири: Делови од крстот на кој бил распнат Исус
Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.
Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два од разбојниците кои биле распнати заедно со него, тие ги поставиле на патот по кој требало да помине една погребна поворка. При пренесување на мртвиот, кога го донеле пред исусовот крст тој оживеал и тоа било доказ кој од трите крста му припаѓал на Исус Христос.
Кралицата Елена го однела крстот во својата престолнина од каде патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликти кои треба да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските цркви и вера.
Во неколку манастири во Македонија се верува дека има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.
Честичка од Чесниот крст Бигорскиот манастир ја има од 1836 година, кога Хаџи Наке од Беличица ги донел од Цариград чесните мошти на претечата, свети Јаков, брат Божји, и другите осум што се чуваат во кивотот во Собониот храм. Таа е вметната во иконата „Воздвижение“ во храмот во Рајчица што е изработена во 2002 година, а е добиена година порано од старо скопско семејство со традиција на аџии и ним им ја предала аџика Нацка.