Во борба против коронавирусот: Технологија што се користи на бродовите на вселенските станици
Женг собра тим што работи со две механички раце и истата технологија што се користи на бродовите на вселенските станици и за истражување на месечината.
Истражувачите од еден од најголемите кинески универзитети дизајнирале робот за кој велат дека може да спаси животи за време на епидемија на коронавирус.
Машината се состои од роботска рака на тркала, која може да снима ултразвук, да земе брис од устата и да ги слуша звуците на органите на пациентот, како што обично тоа се прави со стетоскоп.
Со помош на овој робот, лекарите кои вообичаено спроведуваат вакви постапки нема да мора да бидат во иста просторија со пациент, па дури може да бидат во друг град, пренесува Ројтерс.
„Лекарите се многу храбри, но вирусот е едноставно премногу заразен. Можеме да користиме роботи за најопасни задачи“, рече професорот Женг Гангти од универзитетот Цингуа.
Тој дојде на идејата за робот во времето на прославата на Лунарната Нова Година, кога Вухан беше затворен и бројот на заразени и починати рапидно растеше секој ден.
На првиот ден од Кинеската нова година, тој од извршниот претседател на болницата „Цинхуа Чанганг“ во Пекинг слушнал дека најголем проблем е што работниците од првите линии лесно се заразуваат со коронавирусот.