Во Финска: Пронајден е стап во форма на змија стар 4.400 години
Фото насловна: Youtube/screenshoot
Откриен е стапж
во форма на змија стар 4.400 години во езеро во југозападна Финска. Стапот
можеби е користен за мистични цели, пишува порталот Live Science.
„Сум видел многу извонредни работи во мојата работа како мочуришен археолог, но откривањето на оваа фигура ме остави без зборови и треперев“, рече археологот Сату Коивисто.
Се вели дека стапот, долг 53 сантиметри и дебел 2,5 сантиметри, бил направен од едно парче дрво.
„Фигурата е многу природна и наликува на тревна змија или црвенокоса“, напишаа истражувачите во својот труд објавен на 29 јуни во списанието „Античност“.
Истражувач на нордискиот фолклор на Универзитетот во Финска Соња Хукантаивал, кој не учествувал во студијата, вели дека артефактот може да биде и поскок.
Possible shaman's snake stick from 4,400 years ago discovered in a Finnish lake
— ntiquity Journal (@AntiquityJ) June 29, 2021
Great to spot Antiquity research in the press https://t.co/D2ViYYeqNB
„Би рекла дека е поскок поради формата на главата, краткото тело и препознатливата опашка. Ова е интересно затоа што поскокот игра важна улога во подоцнежните народни религии и магии", рече Соња.
Резбата на стапот може да биде од декоративен тип или може да биде стап што го користеле шаманите, напишале истражувачите.
„Се чини разумно да се стави артефактот во религиозна сфера. Се верувало дека шаманите може да се претворат во змии", велат истражувачите.
Фото: Твитер