Во Калифорнија измерени рекордни 49,9 степени: Прогласена вонредна состојба поради пожари

фото: EPA (NEAL WATERS)

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во пет области поради невидени шумски пожари.

Рекордно високите температури кои се движат до 49,4 степени, погодија делови од Калифорнија, каде топлотниот бран ја погоди земјата и властите сè уште се борат со пожарите.

Станува збор за областите Фресно, Мадеира, Мерипос, Сан Бернардино и Сан Диего, пишува Ројтерс.

Во моментов, повеќе од 18.000 хектари шума беа погодени од пожарот, што доведе до евакуација и затворање на патиштата во областа Фресно.

Досега се починати осум лица и уништени се околу 3,3 илјади градби, а синоќа повеќе од 200 лица беа евакуирани со хеликоптери.

извор:rtv.rs