Во Калифорнија: Пожарникарите завиткуваат џиновски секвоја во огноотпорни ќебиња за да ги заштитат од пожар
Откако големи пожари зафатија повеќе од 200 милиони дрвја во
Калифорнија, од безбедносни причини, пожарникарите го завиткаа најголемото дрво
во светот во алуминиумска фолија во националниот парк во Калифорнија.
За да ги заштитат од катастрофалните шумски пожари, пожарникарите ги завиткаа највисоките дрвја во светот во огноотпорни ќебиња.
Меѓу нив е познатиот „Генерал Шерман“, дрво секвоја високо 83 метри, со волумен од 1487 м3, кое се смета за најголемото дрво во светот.
На подрачјето на Националниот парк Калифорнија Редвуд, мобилизирани се околу 2.000 пожарникари кои таму ја ставаат во состојба на готовност целата своја противпожарна опрема.
Тие преземаат вонредни мерки за заштита на овие вредни дрвја, изјави за Меркјури њуз една од службениците во паркот, Кристи Бригам.
Навистина сакаме да направиме се што можеме за да ги заштитиме овие дрвја стари помеѓу 2000 и 3000 години, посочи таа.
Илјадници квадратни километри шума веќе се изгорени во Калифорнија оваа година. Бројот и интензитетот на пожарите во западниот дел на САД се зголемија во последните години, а сезоната на пожари се продолжи.
Експертите веруваат дека овој феномен е првенствено поврзан со глобалното затоплување, зголемување на температурите, зголемување на топлотните бранови и помали врнежи, од кои сите заедно прават идеален запалив коктел.
Гигантските дрвја, кои растат само во Калифорнија во подножјето на Сиера Невада, се‘ уште не успеваат да ги преживеат пострашните пожари што избувнаа во Калифорнија во последните години поради климатските промени.
Фото:Afp