Во месецот на штедење, Промо депозитот на Халкбанк со нови, подобрени услови
Штедењето пари се смета за здрава животна навика бидејќи обезбедува финансиска сигурност и е гаранција за сигурна и побезгрижна иднина.
Ако редовното одвојување одредена сума пари, согласно вашите можности, го претворите во навика, во иднина не само што тие средства можат да би бидат „спас“ при кризи или несакани ситуации, туку со нив ќе можете да ги остварите своите планови кои во моментот, во најголема мера, зависат од состојбата на вашите финансиски средства.
Како една од најдобрите опции за штедење секако дека е штедењето во банка, затоа што таму вашите пари се најсигурни, а истовремено не губат вредност, туку се зголемуваат за износот на каматата.
Актуелна и дефинитивно една од најтрактивни понуди во земјата за штедење во моментов е онаа на Халкбанк, која и овој октомври како светски месец на штедење, го активираше познатиот производ ПРОМО депозит.
Истиот сега е со нови, уште повисоки каматни стапкиза орочување.
Овој производ овозможува штедење во денари или во евра, а орочувањето може да биде на 13 и 25 месеци.
Каматната стапка на ПРОМО депозитот, за штедни влогови во денари, орочени на 13 месеци изнесува 2,4%, односно 1 отсто за штедење во евра. За орочување на период од 25 месеци каматната стапка е 2,7% за денарско штедење, односно 1,5% за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра.
Кај овој производ не постои можност за дополнителни уплати и повлекувања на средства, а камата може може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување.
Понудата на ПРОМО депозитот важи до крајот на октомври.
ПР објава