Во Новата година не смеете да влегувате без ова... Носи среќа
Виното е пијалок кој е дел од секојдневието на луѓето илјадници години. Многу може да се научи за историјата на човечкото општество преку проучување на историјата на самото вино, неговото производство и употреба. Виното се произведува на различни начини во различни делови на планетата, луѓето одгледуваат различни видови на грозје, и секогаш има различни видови на вино. Се верува дека денес во светот постојат речиси 5000 вински сорти на грозје.
Сите вина можат да се категоризираат во 5 основни групи. Секоја од овие групи содржи стотици различни сорти на грозје, вклучувајќи ги и самите видови на вино. Петте основни видови вино се: црно вино (црвено вино), бело вино, розово вино, пенливо вино и десертско вино.
Овие пет основни типа на вино вклучуваат најразлични видови, односно под- видови вино, кои може да имаат различно ниво на сладост, така што постои и поделба на видовите вино врз основа на овој критериум. Имаме: суви, полу-слатки и слатки вина.
Вината можат да се поделат на типови и по квалитет, така што имаме: трпезни вина, трпезни вина со ознака на потекло, квалитетни вина со ознака на потекло, врвни вина со потекло, архивски вина, специјални вина и пенливи вина.
Најпопуларните сорти се: Cabernet Sauvignon, Pinot Noir, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Champagne...
А, велат дека со вино е најдобро да се влезе и да се наздрви во Новата година! Најмногу затоа што е многу здраво ако се консумира дозирано, вкусот дава неповторливо доживување, виното се смета дека е дар од боговите, затоа што не пијани како другите алкохолни пијалаци и едноставно само по себе е гламурозно и секоја голтка носи среќа.Вие имате огромен избор на вина во Тинекс. Што за вас, што за подарување.
Погледнете го каталогот и наздравете за среќни почетоци: